Двајца велешани, пензионери измамени за 6,5 илјади евра

Петар Печков

МВР информираше за две измами, кои се случиле деновиве и во кои оштетени се двајца пензионери. Тие им поверувале на лицата кои се јавиле телефонски, дека нивните деца сториле сообраќајка, во која настрадале мигранти и дека можат да им помогнат, да не одговараат, ако им дадат пари.


На 07-ми септември  околу 11 часот во СВР Велес, О.С.(69 год) од Велес пријавила дека на 05.09.2020 била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, телефонски и се јавило лицето и и` кажало дека нејзиниот син и снаа направиле сообраќајна незгода во која со возилото удриле во дете мигрант и побарало пари да му помогне на синот. Таа му дала 300.000 денари на лицето, но потоа сфатила дека била измамена - соопштија од МВР.


На 07-ми септември во СВР Велес, Т.Т.(74) од Велес пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 1500 евра. Според пријавеното, во 16 часот на фиксен телефон му се јавило лицето и му кажало дека неговата ќерка и неговиот зет направиле сообраќајна незгода и удриле дете и побарало од него пари за да им помогне. Според пријавата, тој му ги дал парите, но подоцна сфатил дека е измамен - пишува во писменото соопштение на МВР.

Полицијата  презема мерки за расчистување на  двата случаи.

Добро упатените сметаат дека станува збор за добро организирана група, која пронаоѓа пензионери, кои се материјално ситуирани, ги дознава нивните семејни состојби, потоа пронаоѓа и контакт телефон, по што стапуваат во „акција“ и ги мамат лицата. При тоа им ја раскажуваат истата приказна дека член на семејството направил сообраќајка во која има жртви, дека тие можат да помогната да не одговараат ако за тоа платат. По тоа се наоѓаа и ги земаат парите и исчезнуваат. 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати