Двајца велешани тешко повредени на автопатот Скопје -Велес

Петар Печков

Вторникот на пладне, автомобил излетал од автопатот Скопје - Велес, кај месноста Бадар, при што две лица од Велес се здобиле со тешки телесни повреди.

„На 14 јуни во  14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес, кај надвозникот што води кон село Бадар, А.М.(37) од Велес, управувајќи патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката О.Х.А.(39) од Велес, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“ - соопштија од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, и по спроведената истрага ќе бидат познати причините за излетувањето. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати