Двајца пациенти починаа од последиците на ковид заразата, 62 лица се ново заразени

Петар Печков

Во Велес  има регистрирани 62 нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се  26, објавија од Институтот за јавно здравје. Со ова бројот на активни случаи во велешко се искачи на 659 лица а досега заразени биле 4.336.

„Починати се двајца  пациенти, еден   на 78 годишна возраст лекуван три  дена  и вториот на  82 годишна возраст лекуван 12 дена на Инфективно одделение и двајцата  од Велес“ - информира д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес. Со ова бројката на смртни случи, како последица од корона вирусот во велешко достигна до 130 лица.
 
Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 74 пациенти,  од кои 64  се потврдени позитивни,  девет  сомнителни  и еден пациент е со негативен брис но задржан на болничко лекување. На кислородна поддршка се 30 пациенти.

Од лежечките пациенти  на Инфективно одделение се  52, на Интерно осум и во   Модуларна болница 14. Од Болница испишани се шест пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати