Двајца починати велешани позитивни на ковид-19, по три седмици повеќе ново заразени отколку оздравени

Петар Печков

После три седмици, во велешко има повеќе ново заразени со ковид-19  отколку оздравени, покажуваат бројките на Институтот за јавно здравје.  Изминатите 24 часа регистрирани се 15 ново заразени  и петмина  оздравени пациенти. Во велешко  има 551 активни, додека досега биле заразени 5.387 лица.

Министерството за здравство соопшти дека има две лица починати од Велес на 65 и 66 години, лекувани во клиниките во Скопје. Да нема забуна, тие имаат пријавено уште едно  починато лице на 81 година, кое веќе беше во „црниот биланс“ вчера преку статистиката на Општа Болница Велес.  Со ова бројката напочинати од корона вирусот  последниците во велешко достигна до 163 лица.

„На кислородна поддршка  се 28 пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест. Еден пациент на 74 годишна возраст, во текот на вчерашниот ден  е префрлен  во ГОБ 8ми Септември -Скопје“ -соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.
 
Вво велешка Болница  хоспитализирани се 86 пациенти,  од кои 66 се потврдени позитивни, седум сомнителен  и 13 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.  На Инфективно одделение се  38 пациенти, на Интерно десет на Физикално седум и во  Модуларната болница 31.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати