Двајца сограѓани пронајдени починати дома

Петар Печков

Во два одвоени случаи, на две локации, независно еден од друг,  пронајдени се починати двајца велешани, соопшти СВР Велес. Пронајдени биле два трупа – на 37-годишен маж и на 60-годишна жена во нивните станови. Врз телата немало траги на насилство.

Во неговиот дом  во Велес на 28 јануари  полицијата нашла труп на Г.Т.  37-годишен маж, на ул.  ,,Хаџи Косте,,. Смртта ја констатирал и лекар  на Итна медицинска помош од Велес. Увид на местото на настанот извршиле од СВР Велес и јавен обвинител.

Истиот ден  28 јануари, пак во 15.40 часот во СВР Велес било пријавено дека  60-годишната Л.Љ. од Велес била пронајдена почината во нејзиниот стан на улица „Алексо Демниевски“ во Велес. Смртта на починатата ја констатирал и лекар од Брза помош.

Увид на  двете места  извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени за обдукција. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати