Два инцидента по ракометен натпревар на две велешки екипи, на млади категории

Петар Печков

МВР информираше за два настани кои се случиле вчера по завршувањето на ракометната средба на кадетите на две велешки екипи РК Бисинов Вардар и РК Велес 2009.  

На 01.12.2018 година околу 10.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во спортската сала во основното училиште „Блаже Конески“, по завршување на ракометен натпревар помеѓу РК „Бисинов Вардар“ - Велес и РК „Велес 2009“ – Велес, тренерот на РК „Велес 2009“, В.Г. физички го нападнал главниот судија Ж.М.(20) од Велес. 

На 01.12.2018 година во 14.45 часот во СВР Велес, Љ.М.(42) од Велес пријавил дека истиот ден околу 11.30 часот во дворот на основното училиште „Блаже Коневски“, по завршување на ракометен натпревар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од две малолетни лица од Велес пишува во соопштението на МВР.

Од полицијата додаваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати