Два смртни случаи на лица позитивни на ковид-19 во Велес денес

Петар Печков

Во Велес денес се регистрирани два смртни случаи на лица позитивни на ковид-19. Еден е пациент од Инфективно одделение,   за кој информираа од велешката Болница, починат  е маж на 72 години од Велес примен на 29-ти ноември, потврден позитивен. Вториот случај за кој соопшти Министерството за здравство е почината  жена на 73 годишна возраст, која починала на клиниките во Скопје. Таа од Инфективно одделение е префрлена на 24 ноември, како потврдена позитивна.  

Од Министерството за здравство како позитивен случај со корона вирусот, го водат пациентот кој почина пред два дена во велешката Болница,  маж на 71 годишна возраст, кој имал ниска сатурација, но не бил потврден.

Со ова бројката на смртни случаи починати од компликации на ковид-19 во велешко се искачи на 70 лица.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати