Две втори места и едно трето за велосипедисти на МВК Велес на друмскиот шампионат на Македонија

Петар Печков

Вчера се возеше друмскиот шампионат на Македонија во велосипедизам. Учесниците во сениорска и до 23 годишна возраст, возеа на релацијата Кавадарци- Возарци- Дреново- Росоман- Кавадарци, четири круга по 33 км или вкупно 132 км. Ако во петокот на државното првенство во хронометар, трка со време велосипедистите имаа проблем со ветрот, вчера -недела,   учесниците имаа проблем со жешкото време.

На државното друмско првенство тројца членови на МВК Велес освоија пласман на победничкото постолје. Кристијан Ванчевски кај сениорите беше трет, додека во У-23 второ место освои Виктор Ванчевски пред Михаил Крстов. Во петокот на хронометар Кристијан Ванчевски освои втор место во У-23. 

За одбележување е што државен првак и на хронометар и на друмско возење остана кумановецот Андреј Петровски, кој живее и професионално се бави со возење во Германија. Тој специјално за овој државен шампионат допатува од Германија и за три дена освои две титули.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати