Две години затвор за сообраќајка во Кавадарци, во која тешко беше повреден синот на градоначалникот Јанчев

Петар Печков

Николчо Атанасов (37 год)  од Ваташа доби  две години затвор  за сообраќајка, која ја предизвика и во која две деца тешко беа повредени. Меѓу нив беше и синот на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. 

Атанасов беше обвинет за две кривични дела „тешки дела против здравјето на луѓето во сообраќајот“ и „не укажување на  помош на лице  повредено во сообраќајна незгода“ а доби и забрана за управување со моторно возило во траење од три години. 

Сообраќајка се случи ноќта помеѓу 30/31 мај мината година во 30 минути по полноќ во Кавадарци  на крстосницата од ул.„8-ми Септември“ и ул.„Гоце Делчев“ . Обвинетиот Атанасов управувајќи  автомобил  „Фолксваген пасат“ минал на црвено , при што во него  удрил  мопед „Априлија“ управувано од петнаесет годишник  и сопатник на мопедот исто така, петнаесетгодишно лице. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле малолетниците кои  биле  пренесени на лекување  во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Обвинетиот Атанасов рече дека не се чувствува виновен.

На првата крстосница  сопрев оти  на  семафорот беше  црвено светло, тргнав кога беше зелено, продолжив и на следното и таму беше зелено, кога ја минав крстосницата слушнав звук, не знаев што е. Ударот беше во предната десна врата  и од ударот изгубив контрола. Кога излегов видов дека ме удрил мопед, а детето беше на земја облеано во крв - рече Атанасов. Според него по кратко време дошла полиција и го довела во полициска станица.

Обвинителката Славица Темелковски  кажа дека Атанасов бил често казнуван со парични глоби  но и имал забрана за управување со моторно возило, бидејќи возел под дејство на алкохол.

Обвинетиот во критичната вечер бил во  состојба на пијанство со присуство на 3,27 промили  алкохол во крвта и 2,7 промили во  урината. Возел со 84 км/ч наместо пропишаните 40 км/ч и на крстосницата минал на црвено светло - рече обвинителката Славица Темелковски.   

Бранителот на обвинетиот, адвокат Трпко Неделков, сметаше дека   малолетниците направиле повеќе прекршоци, не носеле заштитен шлем, мопедот не бил регистриран, момчето што управувало немало соодветна дозвола  и возел ноќе кога според возраста не смеел.  Дополни дека овие прекршоци не биле пресудни да се случи сообраќајката.

При случувањето на сообраќајната несреќа, неспорно е дека има траги на кочење  на крстосницата од 5,5 м од мопедот а потоа   нема 12 метри до местото не несреќата, за што постои сомневање дека е додаден гас и  мопедот забрзал - рече Неделков.

Застапникот на оштетените адвокат Никола Тодоров- екс министерот за правда и здравство, рече дека оштетените се уште ги чувствуваат последиците од сообраќајката.
Овие повреди децата ќе ги носат  цел живот. Претрпеа тешки телесни повреди а последиците не се излечени во целост. Обвинетиот ниту им помогнал,  ниту подоцна пријавил интерес за нивната здравствена состојба . Дури критичната вечер возел  во време кога му била изречена забрана за управување со моторно возило - кажа Тодоров.  Пресудата не е правосилна.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати