Две лица од велешко починати од последиците на ковид заразата

Петар Печков

Две лица од Велес  на 60  и 73 години се починати како последица на ковид заразата  изминатите 24 часа, информираа од Министерството за здравство. Починати се маж  од Велес на 73 годишна возраст  и жена од Долно Јаболчиште на 60 годишна возраст и двете лица позитивни на ковид-19.

По ова бројот на почините лица од велешко, како последица на корона вирусот се искачи на 190 пациенти.

И повторно висок број на  ново заразени со ковид-19 во велешко, кој според здравствениот билтен за претходните 24 часа изнесува 24 лица а оздравени се осум пациенти. Со ова бројот на активни случаи во велешко изнесува 257 .

Вкупно се хоспитализирани 68 пациетни, од кои 49 се потврдени позитивни, шест  сомнителни и 13 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 41 пациенти.

Згрижени на Инфективно одделение се  45 пациенти, во
Модуларната болница 17 и шест на  Интерно.

 фото Кирил Миланов

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ќе гласате на локалните избори, закажани за 17-ти октомври?

  • да
  • не
  • уште не сум одлучил/а
Резултати