Две награди за велешките актери на Културното лето на Македонците во Албанија

Петар Печков

Театарот „ Јордан Хаџи Константинов Џинот“  од Велес со две награди за најдобра машка и женска улога на 10-тото издание на Македонското културно лето во Мала Преспа, Албанија. 

Актерката Зорица Панчиќ е добитник на наградата за најдобра женска улога за улогата  додека   актерот Фаик Мефаилоски е добитник на наградата за најдобра машка улога.

Панчиќ ја доби наградата  за ролјата во  претставата „Театар љубов моја“ од Валери Петров, во режија на Деан Дамјановски, во која настапуваат и актерките Кица Ивковска, Кети Борисовска и Талија Настова.

Мефаилоски е добитник на наградата за улогата на Ерџан во претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, во која играат и актерите Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.

На Македонското културно лето  кое се одржува во Мала Преспа, Албанија, се одиграа  шест  претстави  на три македонски театри  Театарот за деца и младинци, театарот Крик, велешки театар и    две театарски групи. Велешкиот театар  настапи на 28 и 29 јули со претставите „Театар љубов моја“ и „Синиот портокал“.

Театарот за деца и младинци од Скопје добил награда за колективна актерска игра за претставата „Гига мега бајка“.

Одлуката за наградите ја донесе фестивалското жири во состав: Анастас Тановски (претседател) и Владимир Тулиев и Едмонд Сотир (членови). 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати