Две нови амбулантни возила за Итната помош, донација од Јапонската амбасада

Петар Печков

Јапонската амбасадорка во земјава Кеико Ханеда на  службата за Итна помош при Здравствен дом Велес, ја врачи донацијата, две амбулантни возила.  Донацијата е вредна  37 илјади евра и е дел од програмата за мали грантови на амбасадата.

Задоволство ми е што со оваа донација  го јакнеме пријателството меѓу двата народи.  Во ова време и  ситуација, секоја помош во здравството е добредојдена. Нашите  донации што деновиве ги доделуваме во повеќе градови во земјава,  се врз основа на проекти со кој институциите аплицирале  во амбасадата - изјави амбасадорката  Ханеида.  

Во продолжение на денот, таа го посети Валандово и на тамошното локално комунално претпријатие ја врачи донацијата ровокопач, за одржување на  мрежата  на канали околу  локалните патишта.

Директорот на Здравствен дом Велес, Николче Димовски изрази благодарност за донацијата.

Со овие санитетски  возила можеме лесно да стигнеме до високите делови на градот, каде има тесни улици и сокаци и отежнат пристап. Така нашата здравствена помош е достапна до поголем број сограѓани, но и го подобруваме квалитетот на услугите во регионот кој го покриваме - кажа директорот Димовски.  Додаде дека вкупниот број на санитетски возила, со кој располага Итната помош биле десет на број.

Проектот е аплициран преку Вардарски плански регион а Здравствен дом бил задолжен да достави три понуди од која јапонската амбасада ја избира најповолната. Иако меѓу трите понуди имало и јапонски производител, амбасадата се одлучила за санитетските возила од романско производство, марката „Дачиа“.

При посетата на јапонската амбасадорка во Скопје Кеико Ханеида, на Велес, остарила средба со градоначалникот Коцевски. Тој соопшти дека договарале соработка за настани од културата. Коцевски освен што се заблагодари на донација на Кралството Јапонија, се заблагодари и на прашениот раководител на Вардарски плански регион   Марко Колев, во ангажманот за да се реализира овој проект.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати