Две претстави од Велес на ДАФ во Кочани

Петар Печков

Објавена е програмата на Репуличкиот аматерски  драмски фестивал ,,ДАФ,, Кочани. Во официјалната конкуренција од 16 претстави се и две велешки, каде режисерка е актерката Слободанка Чичевска.   

Понеделник 28 мај ќе биде прикажана „Многу врева за ништо“од Вилијам Шекспир, во изведба на учениците од  СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес.

Среда 30 мај  на сцената на НУЦК во Кочани ќе настапат членовите на Младинско драмско студио „Прличко“ со „Адвокатот Патлен“. 

И двете претстави ќе се играат со почеток од 22,15ч.

Фестивалот ќе се одржи од 28 мај до 2-ри јуни, меѓу учесниците има две престави од странство, од Словенија и од Србија. За учество на ДАФ биле пријавени 35 претстави а од нив стручно жири избра 16 а наградите ќе бидат доделени на затворањето на 2-ри јуни. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати