Две сообраќајки, два излетани автомобили, двајца повредени

Петар Печков

МВР информираше за две сообраќајки кои се случија во текот на вчерашниот ден. И во двата случаи автомобилите излетале од коловозот и има две лица повредени, еден потешко.

На 04.04.2019 во 22.30 часот на автопатот Велес- Скопје, во близина на „Штипска петља“, патничко возило „Хјундаи ИХ35“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(58) од Скопје, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес, по што бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје - пишува во информацијата на МВР.  

На 04.04.2019 околу 14.30 часот на крстосницата од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Орце Мартинов“ во Велес, патничко возило „Рено Кампус“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ќ.Л.(80) од Велес, удрило во бетонски ѕид. Во незгодата возачот се здобил со повреди и бил задржан на лекување во велешката болница - стои во писменото соопштение.

Увид на местото на двата  настани извршила екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за излетувањето. 

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

  • од јавното здравство
  • од приватното здравство
  • комбинирам
Резултати