Двaјца возачи, во Чашка и Кавадарци возеле во алкохолизирана состојба

Петар Печков

Велешката полиција информира за два случиа, на возачи кои во алхолизирана состојба управувале автомобил, на територијата на СВР Велес, во населба Чашка и во Кавадарци.

„На 26 ноември во 23:30 часот на улица „Илинденска“ во населба Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода Н.П.(38 год) од Градско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Н.П. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.52 промили алкохол во крвта“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес. 

„На 26 ноември во 23:50 часот, на улица „Западен Булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Л.П. (55 год) од Кавадарци, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.62 промили алкохол во крвта.“ – додаде Ѓаковска.

И двете лица биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двајцата возачи  ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани »

Експанда ДООЕЛ

ПРОДАЖЕН ЕКСПЕРТ
Локација: Велес
Број на работни места: 2

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати