Девет нови случаи, меѓу нив и едно семејство, позитивни на ковид-19

Петар Печков

Повторно висока бројка на ново заразени со ковид-19 во велешко, девет лица од нив една е жителка на Општина Градско. Денес Министерството за здравство објави дека нема оздравени па така бројката на активни случи се искачи на 56.  

Од новите случаи тројца, сите мажи, се членови на едно семејство, кои се заразиле од претходно заразен  член.  Има уште една жена позитивна на ковид-19, која е заразена од член на семејство.  Две лица се тестирале заради патување во странство и тие се асимптоматски, работат надвор од Велес,  како и уште едно лице на кое работните обврски му се поврзани со патување во други градови, тие и уште три други лица не знаат од кого се заразиле.  Една жена е жител на Општина Градско, не знае од кого се заразила. Петмина се мажи, четири се жени. Осум од нив се на домашно лекување и еден е на Инфективно - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.

Со ова бројката на вкупно досега заразени лица во велешко е  378 лица, оздравени се 306 а починати 16. Безмалку се наполни Инфективното одделение од велешка Болница, денес има 32 пациенти, 31 е потврдено позитивен и еден е сомнителен.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати