Денес нови двајца починати и еден сомнителен случај, поради компликации од ковид-19

Петар Печков

Од велешката Болница соопштија дека денес , вторник, има нови три смртни случаи, двајца пациенти биле  позитивни на ковид-19 а третиот не бил тестиран, но со симптоми типични за корона вирусот.

Утринава починати тројца пациенти од Велес, маж на 78 год и жена на 78 години потврдени позитивни и уште еден маж на 71 година примен во тек на вчерашниот ден со многу ниска сатурација и пневмонија типична за ковид-19 не тестиран- информираа од Општа Болница Велес

Со ова бројката на починати велешани позитивни на ковид-19 се искачи на 47 лица. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати