Депонијата за комунален смет гори, Велес се гуши во чад

Петар Печков

Од вчера попладне гори депонијата за смет, близу Велес.  Облаци чад го прекрија градот а граѓаните се жалат на мирисот на оган и отежнато дишење.   Огнот е регистриран околу  18 ч. Граѓаните нивните реакции ги испратиле до велешките екологисти од ЕД „Вила Зора“.

„Пристигнаа реакции од граѓаните кои се жалеа на белиот чад, кој се создаваше од пожар на депонијата. Тие се уплашени.  Отровните материи кои се испуштаат од депонијата при пожар, во воздухот, се штетни по здравјето. Апелираме до граѓаните кои  се наоѓаат на депониите и таму пребаруваат, собираат пластика, да не палат. Како и до граѓаните за селекција на отпадот, да не фрлаат пластика во контејнерите, оти има специјални за таа намена. Затоа ни е потребна една фабрика за отпад, која се планира во Неготино,“ - кажа Сашка  Коцевска од ЕД Вила Зора.  

Со депонијата која е нестандардна управува ЈКП Дервен. Нивни екипи биле први на терен во обид да се локализира огнот.

„Поради високите температури се појави пожар на градската депонија. Во гаснењето на пожарот ангажирани се возила - цистерни на ЈКП ДЕрвен, како и од противпожарната служба на Општина Велес. Пожарот е скоро изгаснат, односно е ставен под контрола“ - соопштија од ЈКП Дервен.

Тие  го гаснеле  огнот со затрупување песок со булдожер. Но,  бидејќи огнот уште повеќе се разгорел   на помош се  повикани  пожарникарите од ТППЕ Велес.

„Побарана е помош од пожарната од вчера вечер. Наше возило со пожарникари  е таму на терен“ - кажа Димче Јовановски заменик на командирот на ТППЕ Велес.
 Мерните инструменти на Министерството за животна срдина, вчеравечер и претпладнево покажаа високи  часовни  вредности на  ПМ 10 и ЦО во воздухот во Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати