Дерменџива сместена во Момин Поток

Петар Печков

Велешанката Димитрула Дерменџиева, која живее во супстандардни услови зимава е сместена во  прифатилиштето Момин Поток во Скопје. Оваа информација ја потврдија од  Центарот за социјални грижи Велес, чиј корисник на материјална помош била жената.

Таа живее на улица Киро Ќучук бр.61. Во трошната куќа   нема струја и многу малку греење од шпорет на дрва кој се ложи со штици. Пред некој ден волонтерите на ОО на Црвен крст Велес  предадоа пакет со храна, кебиња и обувки.

На тој начин и  помогнаа во овие студени денови но и ја алармираа јавноста во какви услови живее Димитрула која е на 55 годишна возраст. Таа во Момин поток ќе остане следните денови и е лице со попреченост. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати