Десет години затвор за сообраќајката кај крстосницата за Мамутчево, во која три лица загинаа

Петар Печков

Велешанецот Петре Ѓорев ( 43 год) доби десет години затвор за сообраќајка во која починаа три лица. Пресудата е изречена во Основен суд Штип, за кривичното дело ,,тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот,,.

Сообраќајката се случи на 1-ви јули 2017-та година,  на магистралниот пат Велес - Штип, близу крстосницата за село Мамутчево околу 19,45 ч. 

Во моментот на случената несреќа во која животот го загубија три лица,  според анализата на крвта на обвинетиот Ѓорев, имало 1,30 промили алкохол. 

Судот пресудил  и мерка - забрана за управување со моторно возило  од ,,Б,, категорија во траење од шест месеци сметано од правосилноста на пресудата, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во нејзиното траење.

Во сообраќајката  патничко моторно возило „Голф 4“ со велешки регистарски таблици управувано од   Петре Ѓорев удрило во    патничко моторно возило „Голф“’ со кумановски регистарски таблици управувал од С.С. (45) од Крива Паланка.

На лице место починал возачот и сопатничката Б.С. (55 год) додека другата сопатничка Д.Ј. (32 год) од Велес од повредите здобиени во сообраќајката, починала на пат кон велешката Болница.

Тригодишното девојче од истиот автомобил и обвинетиот Ѓорев се здобиле со тешки телесни повреди.  По жалба на обвинетиот првостепениот предмет е во Апелациониот суд Штип на одлучување, така што пресудата не е правосилна.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

  • да
  • не
  • можеше и подобро
Резултати