Десет дена не се мерат вредностите на ПМ 10 честички во Велес

Петар Печков

Велешани не знаат каков воздух дишат, откако десет  дена мерната станица Велес 2, не ги мери ПМ честичките а  мерната станица   Велес 1 не работи со години. Се мерат вредностите за чад и сулфур двеоксид а тие за ПМ 10 не се во функција од 27 декември лани.

Има проблем со мерните апарати, екипите се на терен и очекуваме наскоро тој да биде отстранет. Не се покажуваат вредносите само за ПМ 10, друтите параметри, чад, озон, Ѕ02  се мерат - изјавија од Министерството за животна средина.  Автоматската мерна станица  Велес 2 не работеше седум дена и на почетокот на декември од 1-ви до 8-ми.  Се случува  нејзините разултати да предизвикуваат реакции кај јавноста, оти имаше часовни пикови кои стигнуваа и до илјада мг на  м3, вредности кои потоа беа  бришени а граѓаните беа во дилема каков воздух дишат. 

Во зимава, во најголемото загадување, ние не знаеме  каков воздух дишеме. Мерните инструменти повеќе грешат, не работат и не покажуваат каков е квалитетот на воздухот, што е недозволиво - вели Игор Смилев од ЕГ ,,Зелена сила,,.   

До Министерството за животна средина реагирале и од Општина Велес, барајќи инструментите да се поправат и да нема ,,празни џебови,, -периоди без резулатити, во текот на зимава.

Надлежните од локалната власт ја предупредуваат јавноста во градот, да не се  залажуваат  и не ги споделуваат вредностите кои ги покажува апликацијата ,,Мој воздух,,. Тој не ги мери  суспендираните честички, популарните ПМ 10.  Затоа  се покажува дека квалитетот на  воздухот во Велес е добар до одличен. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати