Дете удрено од автомобил на пешачки

Петар Печков

Претпладнево во близина на велешкиот пазар се случила сообраќајка, во која е повредено  дете.  Незгодата се случила, пред книжарницата Аско Ас,  додека тоа минело преку пешачки а детето е  згрижено во Болница.

Во 10,30 ч. на улица Петре Прличко на  обележан пешачки премин, се случила сообраќајна незгода.  Автомобил марка ,,форд  мондео,, со скопски регистарски таблички, управувано од Л.К. ( 37 год)  удрил во четиригодишно дете од Долно Јаболчиште – изјавија од СВР Велес. 

Веднаш била повикана екипа на Брза помош, која го згрижила детето, му дале прва  помош по што го пренела во Општа Болница Велес.

Од таму дежурниот доктор Љупчо  Леов информира дека кај нив е донесен повреден пациент во сообраќајка,  кој ќе биде оставен поради давање неопходна лекарска помош и на опсервација.

СВР Велес работи на расчистување на  причините за сообраќајната незгода. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати