Детската градинка ,,Маргаритки,, со сензорен двор (фото)

Петар Печков

Децата од градинката ,,Маргаритки,,  во месноста Дворови, денес добија Сензорен двор. Во дворот на објектот, инвентивните домачни создале простор каде децата од предучилишното образование, имаат место, кое ќе влијае на детскиот раст и развој.    Сензорна градина е место каде децата од градинка имаат можност да почувствуваат бројни сетилни искуства и преку различни активности да се стимулира  нивниот сензорен и моторен развој.   

Следејќи ги современите текови во предучилишното образование, имајќи ја важноста за раниот детски развој, направивме комплетно реновирање  и преуредување на дворот, кој заедно со објектот постојат 60 години.   Децата тука можат да ги подобруваат своите вештини, за да имаат подобар психомоторен и  социоемоционален развој. За два месеци, со сопствени сили  просторот е уреден, да влијае на децата стимулативно  - кажа   в.д.  директорката Ефтимија Карбева Лукарова. 

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

  • да, често
  • за викенд рекреација
  • нема патека
  • Велес не е град за велосипед, има угорници
Резултати