Детска градина, со зеленчук за дневен оброк на децата од градинките и посебното основно училиште (фото)

Петар Печков

„Зелена детска градина„  добија учениците од Посебното основно училиште „Маца Овчарова“ и децата  од еден клон од Детскита градинка „Димче Мирчев“ во Велес-„Ѕвончица“.  Овие градини се лоцирани во дворните места на училиштето и градниката.

Децата со нивните наставнички и воспитувачки, неколку месеци садеа, расадуваа, одгледуваа во пластеник, зеленчук и зачини, кои потоа ќе ги користат во нивната храна. Проектот е на Фондацијата „Фокус“ од Велес, финансиски поддржан од Министерството за животна средина со 300 илјади денари и 71 илјада од Општина Велес.

„Децата од мали нозе започнавме да ги учиме што значи здрав начин на живот, производство на здрава храна  и ја создававме свеста за здравата животна средина“ - кажа Убавка Јаневска од Фондацијата „Фокус“.  

Изминатите девет месеци, децата ги добиваа потребните информации за здравата храна, за здравата животна средина. Гледаа како од семе  расте расадот, од марули, млад кромид, кои наскоро ќе се најдат како нивен оброк. Засадија и 50-тина садници на туа, декоративно дрво, донација од ЈП Македонски шуми.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати