Децата родени во јануари 2014-та не можат да се запишат на училиште

Петар Печков

Децата родени во јануари 2014-та треба од септември  да одат на училиште, ама не можат да добијат документ за вакцинација, оти не можат да бидат вакцинирани против морбили. За оваа ситуација реагираат родители од Велес, кои се нашле во недореченоста на системот.  Бараат начин за да се излезе од правниот лавиринт.

Моето дете е родено во јануари 2014-та, добивме покана за упис во основно училиште. Сите документи ги собравме освен дека е вакцинирано од морбили. А  оваа вакцинација не е предвидена за негова возраст, засега. Така и покрај нашите желби не можеме детето да го запишеме на училиште. Државата од една страна дозволува а од друга оневозможува  - вели  еден од родителите кои се судрува со ваков проблем. 

Засега тоа се четири деца  само од еден клон на градинките од Велес, чии родители   имаат иста мака. Проблемот го потврдија и од  службата за вакцинација во Велес, од каде објаснуваат дека тие имаат добиено задача да вакцинираат деца родени 2013-та, кога ќе добијат за 2014-та ќе започнат и со таа возрасна група, дотогаш не можат ништо да преземат.  

 

Од Министерството за здравство одговорија дека нема пречки децата да се запишат на училиште, иако родителите тврдат не добиваат документ ниту децата се вакцинираат.

Постои можност и не постои пречка ревакцинацијата да биде спроведена во процесот на запишување на детето во прво одделение. Исто така во сила се засилени мерки со проширување на опфатот на децата кои ќе бидат опфатени со вакцинацијата во услови на прогласена епидемија. Имено, со Наредбата донесена во април 2019 година по препорака на Комисијата за заразни болести во врска со епидемијата на морбили на ниво на Република Северна Македонија, е утврдено да се вакцинираат сите деца на возраст од 6 месеци до 14 години со МРП вакцина како континуирана имунизација -одговорија од Министерството.

 

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати