Децата ученици со посебни потреби добија асистенти

Петар Печков

Од почетокот на месецов  во две основни училиште во Велес започна да се спроведува проектот   „Општествено -корисна работа“, која е дел од владиниот ревидиран оперативен план за вработување за 2017 година.

Општина Велес во соработка со Агенција за вработување – Велес и општинските основни училишта „Васил Главинов“ и Блаже Конески“го имплементираат проектот „Заедно под исто сонце“, со поддршка на UNDP.  Осум лица се ангажирани во двете основни училишта и тие даваат  помош за децата со попреченост. 

Програмата има за цел преку обезбедување на услуги од социјални сфера да помогне на  лица кои живеат на територијата на локалната самоуправа. На барање на граѓаните и по консултација со релевантните институции, односно на барање на родители на деца со пречки во развојот во соработка со училиштата, стручните служби во општината  констатираа дека овој вид на услуга може да го подобри квалитетот на живот на поголем број граѓани на локално ниво. Ангажирани се осум   лица како лични и образовни асистенти, кои ќе им помагаат на деца  со попреченост кои  посетуваат настава  во редовните училиште,  во текот на наставниот процес, за полесно и подобро совладување на наставната програма и помош  за полесно движење низ училиштето и реализирање на културно - хигиенските потреби – изјави Родна Трајковски  од локалната власт.

Лицата се  ангажирани со посредување од Агенцијата за вработување,  во интервал од 6 месеци,  ќе добиваат месечен надоместок од 6.200 денари за 20 работни часа во неделата, со вклучен персонален данок, осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување. Изборот каде се ангажирани овие лице е од страна на родителите на децата со попреченост,  со изјава на родителот. 

Во ОУ Васил Главинов има 20 ученици со  попреченост а помош од асистенти побарале осум родители, за исто толку деца.  Во ОУ Блаже Конески има 14 ученика со посебни потреби а 4 родители побарале и добиле асистент.   Далиборка Златева од   Здружението  на лица со церебрална парализа  го пофали овој проект  со кој се помага на учениците со посебни потреби, и побара тој да се прошири и за средните училиште, но и повозрасните лица.  

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com