Децениска традиција, за Благовец се дупат ушите за обетки

Петар Печков

Во златраско саатчискиот дуќан на  Зогрофски, во центарот на Велес, денес имаше  редици од родители и деца, најчесто бебиња кои чекаа за да им бидат дупнати ушните кесички за обетки. Така е секој Благовец, оти според народното верување, ова се прави токму на овој ден.   

За самиот чин и верување  раскажува Сабина Зографска, снаа кај семејството Зографски, за постариот син Марјан, во чиј дуќан се изведуваше овој чин.

Како и секоја година, така и денес, на 7-ми април Благовец, многу мајки, родители ги донесоа нивните деца за да им ги бушиме ушните кесички.  Се верува дека денес на празникто Благовец не се чувствува болка,  раната не боли,  така се раскажува. Според одзивот традицијата продолжува, иако преку цела година родители доаѓаат секојдневно со нивните најмлади - рече Сабина. 

На прашањето дали беа исклучиво девојчиња, кажа дека имало и неколку машки деца, нив им било пробушена едната ушна кесичка.  Сопругот Марјан кој имаше полни раце работа, додаде дека во нивниот златарско - саатчиски дуќан ова се работело цели четири децении. Меѓу бројните родители вво дуќанот беше и Ирина Зарзева, која ја носеше неколкумесечната ќерка   Ана.

Таква е традицијата, ја донесов кога беше мала поголемата ќерка, сега и помалата.  Не гледам ништо лошо во ова, иако верувањето не ми е познато  - рече Ирина. 

loading...

Поврзани »

loading...

Пролетна акција за собирање на габаритен отпад

Општина Велес и ЈКП „Дервен“ веќе осма година по ред организираат „Пролетна акција за собирање на габаритен отпад“. Акцијата започна од понеделникот 16 Април, и ќе трае до 15 Мај. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

2017-та е зад нас. Како ќе ја помните?

  • ми донесе многу убави моменти
  • што поскоро да ја заборавам
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши мигови
  • постар сум за една година
Резултати