Димитров - политичари од спорот со Грција правеа кариери, време е да се затвори

Петар Печков

На синоќешната трибина ,,Излези  ЗА Европска Македонија,,  одржана на платото пред велешки театар тројцата говорници министерот за надворешни работи Никола Димитров, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски   кажаа зошто на 30-ти треба граѓаните да  излезат на референдумот и да се гласаат,,ЗА,,.

Тие ги повикаа и членовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да излезат и гласаат, оти референдумот бил над партиски.  Никола Димитров  рече дека 27 години го чекаме овој момент и ние сме господари на судбината.  

Никого не го боли повеќе од нас за тоа каква е Македонија.    Ме повреди претседателот Иванов соа неговата изјава, па пребарував што кажал низ годините. Така 2011-та велел   ,,штом ќе најдеме решение, компромис со Грција, кое не навлегува во идентитиските одредници, ќе го понудиме  на референдум,,. А сега бега од референдумот.   Референдумот постои не да бегаме од решение туку  да потврдиме. Овој договор со Грција потврдува дека сме македонски народ,  дека македонскиот јазик е македонскиот јазик.   Чувствувам дека се наоѓаме на камен од брза река и треба да скокнеме на брегот.  Знаеме дека можеме ама противниците на референдумот велат, не ќе стоиме тука на каменот.  А тука сме 27 години. За тоа време по реката  испливаа Хрватска, Бугарија, Романија,  отидоа на суво и грабат по брегот. Бегањето од референдум е бегање од гласот на народот.  На Велес му е потребна голема странска инвестиција, оти градот беше индустриски гигант.   За тоа е потребна сигурност и влез во ЕУ и НАТО.  Договорот со Грција се анализира, не се мери со друг договор, оти постои само еден.  Имаа 11 години да го најдат патот, не успеаја, сега велат ќе го најдеме. Кој е патот што го нудите, морате да имате визија  за иднината.    Да излеземе гордо, да немаме дамка,  оти затворивме прашање кое со децении го влечевме.   Македонија е направена држава на ова парче земја, од АСНОМ од 1944-та, со референдумот од 1991-ва . Има Македонија што не е во нашата држава, во Грција и Бугарија. Што  ни менува таа географска одредница?  Името ни е Македонија, северна таа е што е наша,каде сме ние, тука.  Неа да ја дигнеме да има живот и иднина.  Нема друг начин да се сопре иселувањето само ако Македонија биде успешна.  Зошто толку државници и гости имаме овој период., оти виде светот дека имаме волја да застанеме на нозе и тргнеме напред. Политичарите во Македонија од овој спор кариери правеа. За докажување кои сме не однесоа 2,4 илјади години наназад. Ако нашиот јазик не е словенски како се разбираме со Србите, Бугарите, Хрватите и другите нагоре од народите од средна Европа -  порача Димитров. 

 

Аце Коцевски градоначалник на Велес   кажа дека е убеден дека референдумот ќе успее и  ги прозва претседателот Иванов и Митрополитот на Повардарска Епархија Владиката Агатангел.

Изјавата на претседателот Ѓорге Иванов, мој пријател од младински денови, кој за жал  не се наоѓа на вистинскиот пат и дава лош пример на граѓаните. Однесувањето на Митрополитот Агатангел, со кого во минатиот период  имав одлична соработка и почит, но сега сум премногу разочаран од неговото донесување, како верник на МПЦ.  Улогата на високите црковни великодостојници  е да ги обединува верниците а не да ги делат.  Македонија е секуларна држава, со Уставот Црквата е одвоена од државата, но за жал последно време повеќето литургии во Повардарската Епархија  на Владиката Агатангел завршуваат со политички говори.   За влезот во ЕУ и НАТО Македонија друга алтернатива нема. Со нив се отвораат големи перспективи. Референдумот не е политичко прашање, тоа е над политичко национално прашање, важно за сите граѓани    - изјави Коцевски. 

 Кочо Анѓушев вицепремиер за економски прашања  референдумот го гледаше низ призмата на економијата и добивката од влезот во ЕУ и НАТО. 

Влезот во ЕУ и НАТО значи стабилност а тоа за секој инвеститор е гаранција за секој инвеститор.   Тоа значи владеење на правото. Искуството тоа ни го кажува, земјите како Романија, Бугарија, Чешка, Словачка, Естонија, Литванија беа бивши социјалистички земји, но денес тие се далеку пред нас.    Шансата што ја имаме денес, тие ја препозна порано. Ние се бавевме со политички препукувања а не ја препознавме иднината на државата. Не се повторува ат шансите во животот. Не се наоѓаме секојпат на  иста раскрсница. Сега се наоѓаме на една таква, сега треба да одбереме по кој пат ќе одиме, утре раскрсница нема да има. Со самата најава за влез во НАТО имаме наплив на инвестиции. Бројките, иако некој сака да ги минимизира,  ги кажуваат фактите. Имаме 327 милиони евра странски инвестиции во првото полугодие, повеќе од било кога во последните 5-6 години. Факт е дека платите во Македонија се ниски, но се покачуваат така сега е 6,1 процент повисока од минатата година. Тој факт е само  со најава дека ќе влеземе во ЕУ и НАТО. Да не извезуваме деца од државата, туку производи  - кажа Анѓушев. 

Одговарајќи на прашања од присутните министерот Димитров рече дека Македонија во НАТ0  ќе влезе најдоцна до крајот на 2019-та во зависност од темпото на ратификација на договорот со земјите членки.  А за ЕУ е во период од 7 до 9 години, време во кое Македонија  ќе ги имплементира потребните решенија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати