Директен судaр кај ѓубриште со четворица поредени

Петар Печков

Утрово  околу 7 часот на магистралниот пат Велес - Штип се случи сообраќајна несреќа  во која има четворица повредени, од кои двајца се потешко. Во директен судар на два автомобили марка ,,пунто,, со велешки регистарски таблички, тешко се повредени две лица. 

Утрово  околу 7, 15 часот во велешката болница беа донесени четири повредени лица. Две поради сериозноста   на повредите веднаш се пренесени на Ургентен центар во Скопје. Двете останати се задржани на хируршкото одделени, поради скршеници - изјави портпаролот на велешката болница д-р Петре Кодовски.  

Во сообраќајката автомобилите возеле едниот во правец кон Штип, другиот во правец кон Велес, кога кај месноста ,,Ѓубриште,, директно се удриле еден во друг . Веднаш на местото на настанот со две коли дошла брата помош, им укажала неопходна медицинска  помош на  повредените и ги пренела во Општа Болница Велес.    

 Во Ургентен биле пренесени  К.Р и М.Н. од Иванковци додека М.Б ( 27 год) и  П.М (59 год) од Велес се задржани во хируршкото одделение.   Од СВР  Велес празнувајќи ги новогодишните празници, беа зафатени со прослава и не дадоа информација за сообраќајката  и покрај повеќето обиди.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати