Директорот Бојаџиев порачува, велешката болница е добро снабдена со заштитни средства

Петар Печков

ЈЗУ ОПшта Болница Велес е добро снабдена со лични заштитни средства за еднократна и повекекратна употреба -заштитни маски, ракавици, капи и каљачи, како и заштитни скафандери и очила, порачува директорот на оваа здравствена институција. Оваа негова изјава доаѓа како реакција на  вестите дека личната и колективната заштита на вработените во ЈЗУ Општа болница – Велес е недоволна и слаба.

Морално и одговорно тврдам дека сите наши болнички одделенија и останати служби се соодветно и целосно заштитени. Со цел непречено справување и борба со пандемијата на корона вирусот, во моментов располагаме со доволна количина на лични заштитни средства за еднократна и повекекратна употреба- заштитни маски, ракавици, капи и каљачи, како и заштитни скафандери и очила, како и со доволна количина на дезинфекциони средства, коишто ги користиме строго според протоколите и препораките на Министерството за здравство. Сите овие средства им се делат на вработените по претходно изготвен план, согласно потребите за лична заштита на секој вработен во соодветното одделение или служба. Сите тврдења, вести поврзани со личната и колективната заштита на вработените во ЈЗУ Општа болница - Велес , дека се слабо заштитени го отрфлам како неосновани- кажа др. Божидар Бојаџиев, директор на ЈЗУ Општа Болница Велес. 

Тој ги упатува граѓаните да веруваат на вести,  извори на информации, коишто произлегуваат од релевантните институции на нашата земја и изјави од надлежните.  

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати