Добиен проект, грант вреден еден милион евра за уредување на езеро Младост

Петар Печков

Општина Велес доби грант од Светска банка за уредување на околината на езеро Младост. Проектот е вреден еден милион евра   и е насловен ,,Паметно езеро Младост,,.   

Поголемиот дел 9,9 милиони денари се обезбедени преку  грант на ЕУ преку ИПА програмата а  10 отсто 6,3 милиони денари се учество на Општина Велес. Со него езерото Младост треба да добие нов лик, нови содржини и  да биде привлечно туристичко одредиште. 

Ова е шанса Велес да прерасне во транзитна туристичка дестинација, не само во Македонија туку и во регионот,  оти во близина преку автопатот годишно минат над 2 милиони луѓе. Со овој проект ќе се зајакне локална економија и отворат нови работни места. Со проектот и средствата  ќе менаџира Светска банка - најави Аце Коцевски градоначалник на Велес. 

Партнер во овој проект е   Вардарски плански регион, а Коцевски упати благодарност за учеството до  винариите Шато Сопот, Тристо, хотел Романтик,  ресторан Бела Вода, Хотел Панини, хотел Глориус кои  го подржале проектот и за градоначалникот ова е пример за партнерство со приватен сектор.   

Проектот ,,Паметно езеро Младост,,. опфаќа  27 активности меѓу нив и  осум инфраструктурни зафати, девет  набавка на опрема,пет  туристичка промоција. Со проектот се добива уредување на пешачки патеки, осветлување, паркинг простор, камп, велосипедска патека а треба да заврши до крајот на наредната година.    

Со овој проект езеро Младост добива уредена и осветлена пешачка патека  од 750 метри од влезот на езеро до хотел Романтик која ќе може да ја користат и лица со ограничена мобилност, пристапен асфалтиран  пат до винарија Сопот од 600 метри , еко камп  од 1,5  илјади м2 со пристапен пат  од 350 метри  со 7 типизирани куќи со сончеви панели, каде ќе биде сместен и детски  атрактивен парк за авантури, паркинг систем, осветлување  пејсажно и хортикултурно уредување на крајбрежјето, нов туристичко биро, велосипедски патеки од 17 км околу езеро и винарии до Шато Сопот ми Тристо 20 паметни велосипеди,  клупи за полнење мобилни, 30 канти за отпад, платформа за набљудување на птици, киоск за продажба на локални производи,информативни билборди  -  објасни Коцески. 

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

  • да
  • не
Резултати