Доверителите го прифатија и по втор пат Планот за реорганизација на Фени, УЈП се спротивстави

Петар Печков

Ревидираниот План за реорганизација  на кавадаречки Фени денес со мнозинство гласови беше  прифатен на  Собранието на доверители. Како и во претходниот обид Фени во стечај оди во Глобал Спешлс Опуртунитис  (ГСОЛ)од Бахамите.  Планот  претходно во јули  беше одобрен од стечаен судија на Основен суд Велес а вратен  од страна на Апелација Скопје, каде вложиле жалба незадоволните странки.

На  денешното Собрание  освен ,,ситните доверители,, со побарувања кои се со  нула и во децимала, против гласаше и претставникот на државата, државниот правобранител а по барање на УЈП која е доверител со 7,8 %. 

Стечајната судијка Валентина Ѓоргиевска не дозволи тој да објасни зошто гласаат против, оти не се јавил на време.  Затоа пак правниот застапник на ГСОЛ, Христијан Поленак објасни дека тие постапиле по препораките на Апелација и ги отстраниле недостатоците. 

Констатираните забелешки се отстранети, планот е коригиран. Во пречистениот текст има доказ за финансиската состојба на предлагачот, дека ги има средствата за подмирување на сите прифатени доверители со Планот за реорганизација - кажа адвокатот Поленак.  На ова реагираа двајцата претставници кои гласа против  Планот за реорганизација, Акрон груп од Белизе и Кунико рисорсис од Холандија.Тие ги кажаа нивните правни забелешки на ревидираниот план за реорганизација.  

Предлагачот достави план за реорганизација спротивен на планот за стечај - кажаадвокат  Сања Трајановска правен застапник на Кунико Рисорсис.

Напатствијата на Апелација не се отстранети. Нема гаранции, нема надзор и тој не е добар за иднината на Фени - рече адвокат  Ивица Јефтиќ  правен застапник на Акрон од Белизе. Забелешките ги отфрли адвокатот Поленак и побара брза правосилност  во стечајот на Фени, во интерес на вработените, на државата и македонската економија.   

Со надеж гледаме на продолжување на работата, почитување на Законот да почнеме со работа. Последните 10 месеци имаме извоз од 100 милиони долари. Најважно е стечајот да заврши и да создадеме ново друштво, нова компанија со светла иднина - кажа Маркос  Камхис директор на    ГСОЛ.

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати