Доделени првите подароци за првото новороденче годинава во Велес

Петар Печков

Денес првото новороденче во Велес годинава, ги доби традиционалните подароци од локалната власт, чек во висина од 12 илјади денари, колку што се доделува  и претходните години. 

Подароци донирале и Евангелската црква, Ротари Клуб и Невладина организација "Подари насмевка". Поради здравствено -безбедносни причини по бебето и мајката, не е остварен контакт со нив.

Затоа пак со фотографија  од велешката Болница, јавноста во градот може да се запознае со мајката Симона    и бебето -девојче кое се уште нема име.

Симона Панова  се породи во домашни услови на 3-ти јануари во 21,.30 ч додека татко на новороденчето е  Љупчо Митров.  Ова е нивна прва рожба.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати