Дождот го згасна пожарот кај Орешка Чука

Петар Печков

Дождот кој претпладнево го зафати поширокиот велешки регион го загасна пожарот нај железничка постојка Орешка Чука. Тој гореше од вчера околу 15 ч. и првичните проценки се дека е изгорена површина од околу 250 хектари.

 „Опожарена е нискостеблеста дабова шума, лозја, трева, трње. Дождот кој падна го изгасна огнот. На терен од вчера беа екипи на ТППЕ Велес, шумско стопанство Бабуна, локално население.  Во гасењето на огнот активно учествуваше и противпожарниот воз на МЖ, бидејќи огнот беше покрај самата пруга“ - кажа Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ Велес.  

Железничкиот сообраќај  се одвива според возниот ред, освен што пладневниот  патнички воз од Скопје за Битола кој тргнува во 14,30 поради безбедносни причини не бил пуштен да мине по пругата во 17 ч и бил вратен назад, додека останатите минале без проблем.  

Претходните десетина дена беа регистрирани два големи пожари во велешко покрај железничката пруга, едниот кај железничка постојка Пчиња вториот кај железничка станица Рајко. И двата зафатија површина од околу 250 хектари нискостеблеста шума, трева и трња.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати