Домаќинствата се најголемиот загадувач на воздухот во Велес

Петар Печков

Домаќинствата се најголемиот загадувач на воздухот во Велес. Ова го пресметале надлежните од локалната власт кои тврдат дека  велешани сами себеси си, во најголема мерка си  го загадуваат воздухот, дури потоа се како извори се  сообраќајот- автомобилите и индустријата.  Или велешани за греење користат лоши енергенси. Ова го покажуваат бројките на денови со високи концентрации, кога во јануари и ноември годинава имало 26 дена односно 20 дена со вредности над дозволените.  Наспроти тоа во август и септември немало измерено загадување.  

Според пресметките и параметрите, доминантно за загадувањето влијаат домаќинствата со  92,33 %  второ е сообраќајот а третата е индустријата.  Зимскиот период загадувањето е интензивно и  тоа е право пропорционално со   грејната сезона.     Загадувањето тесно  е  поврзано со климатските услови,  временските  прилики и зимскиот период – изјави Билјана Манаскова Шуркова инспектор за екологија во локалната самоуправа.  

Таа ги презентираше податоците  според мерниот инструмент на Министерството за животна средина, поставен во населба Тунел во Велес  заклучно со 18 декември. Годинава  никогаш не бил поминат прагот на алармирање, никогаш не имало десет дена последователно загадување на суспендирани честички  над 100 м/г  на м3, по што мораат да се преземат конкретни мерки од страна на локалната заедница.  На овој начин, општинските власти одговорија на прозивките од екологистите, дека во градот не се преземаат мерки за заштита од загадениот воздух. 

 

Според измерените вредности на мерното место на Центарот за јавно здравје Велес,   сите параметри кои се мерат,  се  во границите на нормалните, освен чадот.  Него есенва   го имало над максимално дозволените вредности единствено на 1-ви,2-ри  и 3-ти  декември и е околу 79 м/г м3 што укажува дека е поврзано со грејната сезона. Последните денови  најголемото загадување е во терминот од 17 до 20 часот и во утринските од 8 до 10 ч.   На 18-ти во 19 ч. се измерени над 400  м/г на м3, како и на 19 –ти декември  од 16 до 20 ч. има помеѓу 400 и 450 м/г на м3  – додава Манаскова Шуркова. 

Поради вака измерените вредности, Општина Велес  ги повика осетливите категории лица, децата, повозрасни, бремените, хроничните болни да не излегуваат од дома во терминот  од 17 до 20 ч.   Потоа помалку и рационално со повеќе патници  да се користат автомобилите, за згревање на домаќинства да користат одобрени енергенси, огревно дрво и струја, не отпадно масло, пет амбалажа, лакирани или обоени делови од мебел.

Деновиве бил извршен е инспекциски  надзор над сите   индустриски капацитети  во Велес и околината, кои  имаат големи  котелски системи и директно влијаат на квалитетот на амбиенталниот  воздух. Сите кои не се придржувале кон нормативите и граничните вредности добиле соодветни инспекциски мерки.  Не беа соопштени кои се тие капацитети. Влијание на квалитетот на воздухот во градот имаат и 9.760 регистрирани возила, автомобили, автобуси, камиони.

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев потенцира дека годинава велешани дишат најмалку загаден воздух само  95 дена со  надминати вредности.  Во 2014-та  имало 148, а во 2015-та  130 денови.   Годинава  Велес според измерените вредности  Велес  бил на  ниското 15-то место во Македонија. 

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com