Доминација на велешани на ендуро трката на езеро, во отсуство на скопјани

Петар Печков

На патеката на езеро Младост се возеше првата трка од ендуро државниот шампионат. Со само 23 учесника и без скопските возачи, доминираа велешани во сите категории.  Во Е1 победи Драган Ванов, во Е2 Самет Имеров, во Е3 класата прв беше Кенан Синанов, сите  од МК „Мото Велес“. Во  офроуд за аматерски ендуро возачи без лиценци, прв беше Елвир Мемедов исто така од МК „Мото Велес“. Организатор на нa трките беше Мото клубот „Мото Велес“ со покровителство на Општина Велес. Втората трка од државниот шампионат во ендуро за 2019  е закажана на патеката во Стенковец.

Викендов се играа и натпревари во најквалитетни друштва во женски фудбал и ракомет. Фудбалерките на ЖФК Борец загубија дома од второпласираниот СЦ Истатов од Дојран со 0:11. Во следното претпоследно коло,в среда  велешанки гостуваат во Македонска каменица, на екипата на Саса, која е шеста со 40 бода а ЖФК Борец е претпоследен со седум.

Ракометарите на Борец, јуниорска екипа  во сениорска конкуренција,загубија во претпоследното коло дома  од РК  Струга, која е лидер во разигрувањето за опстанок,  со 52 бода, со18:39 ( 9:21). И по 19 кола се без бод. Во следното, последно коло, играат во Радовиш со истоимената екипа која е четврта со 24 бода.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати