Донесена одлука за меѓу општински јавен превоз помеѓу Велес и Градско

Петар Печков

Донесена е одлука да се организира јавен меѓу општински  превоз помеѓу Велес и Градско. Досега граѓаните на Општина Градско зависеа во патувањето до Велес од меѓуградскиот превоз и од железничкиот, кој е со само две линии кон и од Градско. 

Претходно веќе со години функционира меѓу општинскиот автобуски превоз до Лозово и до Чашка, како и други населени места од овие општини.   Советот на Општина Велес,  ја донесе одлуката, останува да се  потпише спогодбата и избере автобускиот превозник  кој ќе биде избран на јавен повик.  

Превозот на патниците на територијата на овие општини ќе го врши физичко или правно лице кои ги исполнува пропишаните законски услови за овој вид на превоз, за што ќе добие лиценца, заверен возен ред и дозвола за линијата, пишува во одлуката.  

Со Законот за превоз во патниот сообраќај предвидено е бесплатниот превоз на учениците утврден во Законот за основното образование и Законот за средното образование на подрачјата на општините каде што има утврден возен ред, да се врши од страна на носителите на дозвола за општински линиски превоз на патници по цени и на начин утврден од Советот на општината.

Ова e дополнителна причина за заедничко организирање на јавен линиски превоз на патници на територијата на Општина Велес и Општина Градско. Со истото драстично би се подобрила поврзаноста помеѓу овие две општини, а воедно и бесплатниот превоз на ученици значително би се олеснил - е образложението на  одлуката, зошто таа е донесена.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати