Досега потрошени 34 тони материјал за отстранување на снегот од улиците

Петар Печков

Локалната власт тврди дека  оваа зима максимално се вложила во отстранување на снегот од улиците во градот и општината, и овозможување  на  нормален живот.  Тврдат дека далеку се надминати количините на сол и ризла, споредбено со претходните години,  кои биле фрлени по сообраќајниците.

Изминатите  десетина години наназад, во текот на зимата се трошело помеѓу  8 и 10 тони сол и ризла, за  посипување по улиците во градот.   Годинава далеку  се надминати, засега се потрошени  24 т. сол и 10 тони ризла, не вклучувајќи ја Македонија пат, која ги одржува одредени улици во градот и општината – изјави градоначалникот Славчо Чадиев.  

За одржување на патиштата во зимски услови, во општина Велес на тендер обврската ја добиле Македонија пат, Изгрев Инженеринг и  Делта пром. За ова цел лани во Буџетот биел предвидени три милиони денари.  Наспроти ставот на локалната власт дека работат максимално според условите на терен, граѓаните, кај поголем дел  од нив незадоволство како снегот се  отстрануваше од велешките улици и  селата во колоната.  Тие испраќаа преку социјалните мрежи пораки и фотографии за завеани патишта, отсечени села, делови од градот кои беа недостапни.  

Ако не беше јужниот ветер -  коалициониот партнер на  овие што добиел тендери, ќе минеше уште време додека не се стигнеше во одредени делови на Велес – илустрира таксист  од градот.  Новиот снег кој наврна во текот на вчерашниот ден, четврток, повторно го отсече селото С`лп, каде живеат 20-тина  жители.

Има високи наноси до метар, како чистиме така снегот пак се враќа од што е висок. Не можеме до Железничка Рајко да дојдеме. На земјениот пат преку Гроот  има две завеани лади ниви - велат жителите.    

Тие апелираат до надлежните да се достави храна.  И мештаните од село Мамутчево бараат да се исчисти патот до селото.

Останаа уште 200 метри. Синоќа го чистеа до Иванковци, а до кај нас е заледено, не се влегува. Камионот го сопревме 15-тина души и го пренасочивме за кај нас, оти си одеше, беше околу 21ч, денес чекаме да го исчистат наносот– велат мештаните.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати