До година античкиот театар Стоби со мермерни столчиња од Плетвар

Петар Печков

Следната година треба да се поставуваат мермерните столчиња на античкиот театар во локалитетот Стоби. Ова го најавија надлежните, како  основна  и најзначајна работа за  идната -2019-та година.

До министерството аплициравме за проект со кој ќе се заврши санација на античкиот театар.  Доколку ги добиеме ќе се заврши со него и треба да добие мермерни столчиња, кој ќе се носи од Плетвар од каде се донесени и оригиналните при  неговата изградба. Реставрацијата до година ќе биде насочена на ѕидовите од сценската зграда и ѕидовите и лежиштата за седишта во источната половина на аудиториумот  – изјави Мишко Тутковски   вработен во НУ Стоби.

Поставувањето  на седиштата, според него  е неопходно за да се заштити делот што беше реставриран  изминатите години  и без оштетување на оригиналните мермерни елементи во западната половина, како што е тоа сега случај при одржување на фестивалот на античка драма „Стоби“. Со  реконструкцијата на седиштата ќе се овозможи одржување на настани  во античкиот театар  со што  би се  презентирал и промовирал.

Градбата со арки, еден од најдобро зачуваните објекти од римскиот период на територијата на Македонија, која се наоѓа на Стоби е всушност библиотека.  Во неа веројатно бил сместен и градскиот - смета археологот Гоце Павловски.

Тоа што импресионира кај библиотеката во Стоби, покрај декорацијата и скулптурите, е нејзината големина и огромен капацитет распоредени на двата ката. Целиот објект бил висок околу 13 метри и можел да собере околу 25 500 свитоци што ја прави втора по големина позната библиотека во Римската империја, веднаш по библиотеката од комплексот на Бањите на Каракала во Рим. Објектот во Стоби е изграден во првите децении на 2 век, кога истовремено била завршена и изградбата на театарот.

Грандиозноста на двата објекта сугерира дека градежната кампања е веројатно империјална инвестиција од времето на Адриан. Библиотеката настрадала во пожар и била оштетена од земјотрес околу 300 г. н.е., по што долниот кат бил целосно затрупан, а горниот обновен и продолжил да функционира како библиотека. Во втората половина 4 век н.е. објектот е напуштен.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати