До крајот на годинава две премиери во велешки театар, од сопствени средства

Петар Печков

На првото  појавување во  јавноста,  на  Младен Крстевски  новиот в.д директор на Центарот за култура  ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,  најави  новини во работата на оваа културна  институција.  Тие  ќе се случуваат до  крајот на   годинава и  наредната. Бидејќи годишната  програма финансирана  од Министерството  за култура веќе е реализирана, до крајот  на  2017-та велешки  театар ќе подготви две претстави финансирани до сопствени средства.  Тоа се детската  претстава,,Волшебникот од  Оз,, по драматизација на Катерина Момева а во режија на Александар Ивановски и  комедијата ,,Вдовицата се мажи,, по текст на Чехов а во режија на Младен Крстевски.   

Наредната година одбележуваме 70 години на професионален велешки театар, голем празник за градот и театарот.  Планираме затоа да оживееме четири  сцени, матична голема, вечерната, се враќаме во локалитет  Стоби со античка претстава  Лисистрата која ќе ја режира гостин од Ерменија и вечерните претстави да ги поставиме во соседните градови долж Вардар, како и сцената на Пионерскиот дом. Планираме да ги поставиме ,,Браќа Карамазови,, ,,Сомнително лице,,     ,,Лиистрата,, и ,,Ревизор,, како и две  други претстави.  Имаме доста млади режисери во театарот од  кои очекувам  да понудат свои идеи за престави, кои ќе бидат разгледани и се надевам одиграни. Во преговори сме со Техеранскиот татарски фестивал од Иран, можно е гостување во Њујорк и Њу Џерси.  Планираме ,,Лисистрата,, да ја одиграме и во неколку македонски археолошки локалитети – Марвинци, Охрид, Скупи, Хераклеа, Баргала.  Планираме и регионален детски  театар, кој ќе опфаќа повеќе градови од Повардарјето. Треба да вложуваме во најмалата публика   –изјави в.д. директорот Крстевски. Одговарајќи дали со најавите на новите престави има жанровско поместување кон комедијата, Крстевски рече  дека тие се државен театар    кој треба да негува повеќе жанрови.  Прашан дали велешани ќе можат да ги гледаат новите македонски филмови, за што поранешната министерка Канчевска Милевска  додели дигитален кино проектор,  кој  досега малку беше користен Крстевски со одговор:   

Македонскиот филм нема да биде вратен на репертоар. Државата што дава  пари за филмови нека направи кина.  Тоа што сме Центар за култура не значи дека сме Здружен дом. Тој проектор ќе го отстраниме. Или ќе бидеме театар или го оставам клучот и си одам. Да појаснам сакаме да ја искористиме салата Бели мугри која има  извонредни услови за кино проекции.     Ќе има место и за придружни манифестации, но  да не бидат  100 во годината. Луѓето  вработените   тука од толку настани беа преморени   од работа  од 8 наутро до 11 пред полноќ   - појасни Крстевски.

Место за македонски филм  ќе нема,  но во октомври ќе  се прикаже  ревијата на новиот германски филм   организирана од германската амбасада.  Уметничкиот директор на велешки театар Васил Зафирчев додаде дека, според него од  бројните настани публика   не доаѓала на претставите на велешките актери.  

Во име на други настани кои се случува на сцената, жртвуваме многу наши претстави на нашиот репертоар.   Тоа ја дисперзира публиката. Таа размислува   нашите ќе ги гледам друг пат, сега ќе гледам филм, балет и тоа се одразува на  посетеноста – рече Зафирчев.  

На ова прес конференција беа најавени и фестивалските гостувања до крајот на годинава.  Веќе вечерва со ,,Синиот портокал,,    велешани настапуваат на Меѓународниот театарски фестивал ,,Св. Јоаким Осоговски,, во Крива  Паланка. Со истата на 5-ти октомври   настапуваат на меѓународниот   театарски фестивал,, Ин вино веритас,, во Виница.    На прво октомври е настапот на Млад отворен театар со ,,Шумата на моето дрво,, а истата претстава  до 10-ти октомври ќе биде прикажана на интернационалниот театарски фестивал ,,Бомб,, во Сеул Јужна Кореја,,.     На 17-ти октомври велешки театар настапува во Куманово на Денови на комедијата со  претставата ,,Театар љубов моја,,.  

Како  посебно значаен го најавија концертот на светски познатото пијано дуо Марко  Скиаво и Серџо Маркеџани од Италија кои во Македонија настапуваат на Интерефест во Битола.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати