До четврток навечер е пријавувањето за упис во прва година средно, спортска паралелка во Велес

Петар Печков

 До четврток навечер е можно пријавувањето за  упис во прва година средно,  во спортската паралелка во Велес.  Таа е дел од Спортската академија со седиште во Скопје а учениците настава посетуваат во Гимназијата „Кочо Рацин. И годинава таа ќе запишува  за фудбал.

Четврток навечер е последниот рок, до кога заинтересираните ќе може да најават дека се заинтересирани за упис. И тоа  кај регионалниот координатор Диме Тодоровски  на телефон 070/607-602.

„Ова пријавување не значи дека и мора да се запишат, на денот на уписот. Но доколку сега не се пријават, постапката е многу покомплицирана. Затоа ги повикувам сите  деветто одделеници кои  завршуваат годинава, кои сакаат да посетуваат настава во спортската паралелка -фудбал во Гимназијата, да се пријават до четврток“ - кажа Тодоровски.  
Во оваа спортска паралелка можат да се пријавуваат ученици  освен од Велес и од Чашка, Лозово, Градско, но и од Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија.  Изборот  е по пат на селекција.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати