Дури 82 ново заразени со ковид-19 во велешко, во Болница 92 пациенти

Петар Печков

Рекордни 82 ново заразени во велешко се евидентирани од Министерството за здравство а оздравени се  24 пациенти.  За потсетување најмногу досега  ново заразени  имаше   на 30-ти октомври лани   83 лица   Или во велешко активни се  754 лица а досега се заразиле  4.568. После подолго време во велешко денес нема регистрирано смртен случај, последица на корона вирусот.


Во велешка болница вкупно  хоспитализирани се 92 пациенти,  од кои 77 се потврдени позитивни, осум  сомнителни  и седум  пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.  На кислородна поддршка се 41 пациенти, еден е  транспортиран на Клиника за Инфективни болести. Испишан е еден  пациент како оздравен со еден негативен тест. На Инфективно одделение се   54 пациенти, на Интерно осум и во
Модуларна болница 30

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати