ЕГ Зелена сила ги поздрави мерките против зaгадувањето на Велес, но биле со симболично значење

Петар Печков

Еколошката Групација Грин Пауер  прва реагираше по сетот на мерки, кој Советот на Општина Велс ги  донесе на понеделничката  седница. Од  еколошката групација потсетуваат дека    беа е и ќе бидат искрен партнер на Општина Велес во реализација на заедничката цел – Обезбедување чиста и здрава животна за граѓаните на Велес.

Е.Г. Грин Пауер ги поздравува итните мерки за намалување на аеро загадувањето во градот – донесени од Советот на Општина Велес. И покрај тоа што сметаме дека донесените итни мерки имаат само симболично значење и нема осетно да ја променат состојбата со енормното аерозагадување во Велес, истите ги поздравуваме како прв чекор во борбата за заштита на животната средина.

Во однос на првата мерка, сметаме дека информирањето на приватните лица и помалите стопански субјекти дека користењето на опасни материи (гуми, пластика,делови од мебел,автомобилски масла) за греење на своите работни простории е забрането - е корисна мерка која за жал нема да даде резултат. Споменатите категории на стопански субјекти и граѓани, ги користат овие забранети материи од две причини: социјални (сиромаштија) и лукративни причини (намалување на трошоците за функционирање на фирмата во насока на остварување поголем профит). Во недостаток на ефективна казнена политика, оваа мерка нема да даде резултат.

Во однос на втората мерка – забраната за палење на стрништа кои во принцип се случуваат далеку од градската средина, а несовесните земјоделци обично ги палат на почетокот на есента..па заедно со третата мерка дотур на стока на угостителските и трговските објекти (во град каде секојдневно се затвораат дуќани) ги сметаме за позитивни но нефункционални мерки кои нема да ги променат состојбите со загадениот воздух во градот.

Редовното чистење на оџаците како четврта мерка, ја сметаме за корисна најмногу во поглед на безбедноста на домаќинствата и ја поздравуваме.

Петтата мерка со која се задолжува ЈКП Дервен за интервентно миење на улиците и тротоарите при зголемено аеро загадување, е ризична особено во зимскиот период при ниски температури кога е реална опасноста, поради ваквата мерка, градот да се претвори во огромно лизгалиште а граѓаните да завршуваат на трауматологија.

Изненадени сме што Советот на Општина Велес при донесување на итните мерки за заштита од загадениот воздух, не го разгледал реалниот проблем од работењето на индустриските капацитети и нивната емисија на штетни гасови во воздухот. Дотолку повеќе што велешани многу добро знаат кои се фабриките над кои се “црнее” – особено во зимскиот период. Изостанувањето на препораки кон стопанските субјекти го сметаме за ненамерен превид на Советот на Општина Велес и убедени сме дека во најскоро време ќе биде коригиран.

Недостасуваат стимулативни мерки со кои Општина Велес ќе ги стимулира алтернативните начини за превоз на граѓаните (субвенции при купување велосипед на пример), воведување бесплатни градски линии со што ќе се намали користењето на моторни возила, прогласување на зони без сообраќај итн, како што тоа веќе го прават некои општински совети и градоначалници во земјава – пишува во писменото соопштение на Еколошка Групација Грин Пауер Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати