Еден мигрант почина а шестмина со скршеници откако биле исфрлени од возило

Петар Печков

Неделата наутро, полицијата открила група мигранти, а дел од нви биле со тешки повреди -скршеници, еден и починат. Сите биле пронајдени покарај автопатот  Гевгелија - Велес. МВР излезе со повеќе информации за инцидентот.

На 31.03.2019 во 04.30 часот покрај магистралниот пат Удово -Демир Капија, во близина на Водисирска река, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го пронашле починат С.И.(27), мигрант од Бангладеш и уште 14 мигранти од Пакистан и Бангладеш, од кои шест биле со тешки телесни повреди. По кажување на мигрантите, тие биле истоварени од возачот на возилото, со кое биле превезувани, кој им рекол дека мора да скокнат надолу затоа што на патот има полиција. Притоа се здобиле со повреди, а едно лице починало - информираа од МВР.  

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово,  известен е јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција. Повредените биле  пренесени во болниците во Гевгелија и Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати