Еден ново заразен со ковид-19 во Велес, пациентка која се лечела во Скопје, четворица оздравени

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден во Велес е регистриран еден нов случај на позитивен со ковид-19, додека четири лица се оздравени, информираа од Центарот за јавно здравје Велес. 

Станува збор за пациентка која била на торакална хирургија и случајот е таму докажан. Пациентката од Бузалково која пред некој ден беше итно препратена на ГОБ 8-ми септември  со силни симптоми на ковид-19,  уште тогаш врз основа на резултатите од земен бирс,  беше позитивна. Информациите кои ги добивме,  се дека е во подобра состојба - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес. 

Четворица пациенти  кои биле на домашно лекување  се водат како оздравени, откако на два последователни теста покажале негативни резултати. Со ова бројот на активни случаи во велешко е  27 лица.

На Инфективното одделение од велешка Болница има 11 позитивно потврдени, плус две лица со симптоми, за кои се чекаат резулатите. Две позитивни лица се на лекување во ГОБ 8-ми Септември  во Скопје и едно на Инфективна клиника исто така во Скопје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати