Еден нов случај на позитивен со ковид-19 во Велес, активни случаи има 52

Петар Печков

Во Велес во текот на вчерашниот ден, среда е регистриран еден нов случај на позитивен со ковид-19. Лицето било да се испитува на приватните клиники во Скопје. 

Од Центарот за јавно здравје Велес го водат како кластер кој припаѓа на една голема фабрика од Скопје. Со ова бројката на активни случаи во Велес е 52  лица.

На инфективното одделение има 20  пациенти кои се хоспитализирани, сите се позитивни. Две лица по двата негативни теста  на земените брисеви се водат како оздравени и се пуштени дома.  

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати