Еден прејаден, излетан автомобил, пожар и нападнат полицаец, билансот од новогодишната прослава

Петар Печков

Мирна новогодишна ноќ и ден потоа. Ова е заклучокот од информациите од надлежните служби во Велс, кои се грижат за здравјето и безбедноста на граѓаните. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека во СВ Велес е регистриран еден настан.  

На 01.01.2021 во 00.05 часот пред угостителски објект во Велес бил лишен од слобода Ј.Т.(27) од Велес, бидејќи агресивно се однесувал кон полициски службеници и физички нападнал еден од нив - соопштија од МВР.

Денес пладневно излетал автомобил  во месноста Шорка а возачот кој бил сам во возилото, минал со лесни телесни повреди.

Кај повредениот возач, нема скршеници, повреди, крвавења, но е оставен на посматрање следните 24 часа - кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.

Повредниот возач од искршениот автомобиил во извадиле припадници на противпожарната единица од Велес.

Ангажирана беше една екипа, која го ослободи возачот од искршениот автомобил. Утрово имавме и интервенција за изгорен објект, плевна,  близу стар задружен дом во Стари град, на регионалниот пат кон Извор. Пожарот се локализираше од 7 до 11ч со една екипа пожарникари - кажа Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.

Во велешанка Болница била мирна ноќ, без интервенции на дежурните доктори.

Има примено  само еден пациент, кој бил прејаден. Нема донесени лица во алкохолизирана состојба или токсицирани. Hема ниту некои кои бил повреден поради учество во тепачки или друг инцидент од фризичка природа - рече д-р Јованова.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати