Единаесет нови случаи со ковид-19 во велешко, четворица оздравени

Петар Печков

Нови 11 случаи на позитивни со ковид-19 во велешко, регистрираше денес Центарот за јавно здравје  Велес. Има и четворица оздравени. 

Со ова бројката на активни случаи во поширокиот велешки регион, освен Велес тука се и Градско и Чашка  е 117.

Од нив 94 лица се на домашно лекување, 17 на Инфективно одделение,  еден е на Инфективна клиника, две родилки  се на  ГАК, тројца велешани се лекуваат на  приватна клиника.  

Досега во велешко има вкупно заразени со корона вирус 467 лица.

До пладне на Инфективно одедление од велешка Болница, беа хоспитализиран  33 пациенти, 30 се потврдено позитивни а  12 пациенти се на кислородна поддршка.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати