Едиција на ковани колекционерски пари македонски светци

Петар Печков

Народната банка на Република Македонија издаде четири ковани пари за колекцинерски цели ,,Св. Пантелејмон,,  ,,Св.. Сергеј Радоинежски,,  ,,Св. Серафим Саровски,, и ,,Св. Николај Чудотворец,,. Сите се со  номиналната вредност е 1,5 илјади денари. 

Кована пара за колекционерски цели „Св. Пантелејмон“

На аверсот на монетата е наведена деноминацијата - „10 денари“, а во долниот дел - името на земјата што ја издава кованата пара - „Република Македонија“ (и двете на македонски јазик). На двете страни долж вертикалните рабови има цветен украс.

На реверсот на монетата, во централниот дел се наоѓа портретот на св. Пантелејмон, со испечатен златен ореол и украс во позадината. Над портретот се поставени два сини кристала „сваровски“. Долж вертиканите рабови е испишано името на светецот чиј портрет се наоѓа во централниот дел на парата. 

Кована пара за колекционерски цели „Св. Сергиј Радонежски“

На аверсот на монетата е наведена деноминацијата - „10 денари“, а во долниот дел - името на земјата што ја издава кованата пара - „Република Македонија“ (и двете на македонски јазик). На двете страни долж вертикалните рабови има цветен украс.

На реверсот на монетата, во централниот дел се наоѓа портретот на св. Сергиј Радонежски, со испечатен златен ореол и украс во позадината. Над портретот се поставени два црвени кристала „сваровски“. Долж вертиканите рабови е испишано името на светецот чиј портрет се наоѓа во централниот дел на парата. 

Кована пара за колекционерски цели „Св. Серафим Саровски“

На аверсот на монетата е наведена деноминацијата - „10 денари“, а во долниот дел - името на земјата што ја издава кованата пара - „Република Македонија“ (и двете на македонски јазик). На двете страни долж вертикалните рабови има цветен украс.

На реверсот на монетата, во централниот дел се наоѓа портретот на св. Серафим Саровски, со испечатен златен ореол и украс во позадината. Над портретот се поставени два зелени кристала „сваровски“. Долж вертиканите рабови е испишано името на светецот чиј портрет се наоѓа во централниот дел на парата. 

Кована пара за колекционерски цели „Св. Никола Чудотворец“

На аверсот на монетата е наведена деноминацијата - „10 денари“, а во долниот дел - името на земјата што ја издава кованата пара - „Република Македонија“ (и двете на македонски јазик). На двете страни долж вертикалните рабови има цветен украс.

На реверсот на монетата, во централниот дел се наоѓа портретот на св. Никола Чудотворец, со испечатен златен ореол и украс во позадината. Над портретот се поставени два розови кристала „сваровски“. Долж вертиканите рабови е испишаноимето на светецот чиј портрет се наоѓа во централниот дел на парата. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати