Екологистите реагираат за масовната сеча на шумата околу Папрадиште, од ЈП Македонски шуми велат се е легално

Петар Печков

Екологистите со жестоки реакции за сечата на шумата во близина на селото Папрадиште, надлежните објаснуваат се е легално. Снимките и фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, дека е во тек голема сеча на шума, на планината Јакупица, на патот Богомила - Папрадиште, во регионот на Азот, ги предизвика екологистите да реагираат.   

„Се сече млада шума, не постара од 15 години, бидејќи на истиот простор пред толку години исто така имаше сеча. Недозволиво е младо дрво, даб, кое нема достигнато физиолошка старост да се сече.  Површните се големи. Се сече дури и покрај патот иако вообичаено оставаат стебла во простор од десетина  метри, за да не се случува лизгање, ерозија  на земјиштето. Ниту тоа не е испочитувано. Каква е таа  планска сеча на толку голем простор“ - велат од Еколошката групација Зелена сила од Велес.

Видеото од големата сеча можете да го погледате тука.

Од ЈП Македонски шуми објаснуваат дека станува збор за редовни сечи  на парцели од шумскиот просторот наречен  „Горна Бабуна“.

„Сечите се предвидени во Посебниот план за стопанисување со шуми за ШСЕ ,,Горна Бабуна,, со важност од 2021 до 2030 година,  одобрен од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство  со Решение од 04.02.2021 година. Истите сечи се предвидени и во Програмата за работа за 2022 година на ПШС „Бабуна“-Велес. Тоа се чисти сечи на површина од 12,99 ҳа и на површина од 31 ҳа. Сечите се маркирани и примени од Инспектор за шумарство“ - соопштија од ЈП Македонски шуми.

По јавна набавка  биле склучени  договори за сеча со дотур на дрвни сортименти со „Пели Ком“од 11 мај годинава и со  „Џоко транспорт“од 31 мај исто така годинава.  Договорите биле  со важност од една година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати